Вучиќ смета дека Гугл му врши цензура: „Можете да ги видите само вестите објавени од медиумите во сопственост на тајкуни“

од Nikola Popovski

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вечерва во гостување на емисија, објасни како Гугл ги цензурира медиумите во Србија.

Тој истакна дека видливоста на етикетираните медиуми е намерно намалена, што ги лишува од читаност и пари.

– Кога го пишувате името Александар Вучиќ, имате 5.000 вести објавени од „Ало“. Но, нема да видите ниту една, туку само оние што ги објавија медиумите во сопственост на тајкуните. Тие ја зголемуваат својата читаност и гледаност, а ги спуштаат и намалуват сите други. Така се спроведува модерната цензура. И потоа доаѓаат да ви кажат „какви се тие избори“. И тогаш „Данас“, изворот на Шолак и Ѓилас, има три пати поголема видливост, изјавил Вучиќ.

Претседателот рекол дека таква цензура никогаш претходно не постоела, и уште еднаш посочи дека никој во Србија никогаш не смее да тепа некој друг.

Слични содржини