Вучиќ смета дека Путин не блефира: Имаме добри односи со Русија

од Nikola Popovski

Во денешното интервју за американската ТВ мрежа „Њузмакс“, српскиот претседател Александар Вучиќ изрази очекување дека ќе надвладее мир и дека ќе се постигне компромисно решение меѓу Русија и Украина и оцени дека рускиот претседател Владимир Путнин не блефира кога зборува за своите понатамошни потези.

Новинарот на „Њузмакс“ рече дека Западот е загрижен по обраќањето и изјавата на Путин за можно искористување на сите воени капацитети и го праша претседателот Вучиќ, кој неколкупати се сретна со рускиот лидер, дали мисли дека рускиот претседател блефира.

„Во Србија се надеваме дека мирот ќе надвладее и дека сите ќе направат се за да се постигне компромисно решение. Не можам да зборувам како воен аналитичар, туку како претседател, да одговорам на ова прашање, но да, точно е, многу пати јас се сретнав со претседателот Путин и не верувам дека тој блефира“, рече Вучиќ, кој престојува во Њујорк за да учествува на 77. Генерално собрание на Обединетите нации.

Во текот на емисијата водителите напоменале дека Србија има добри односи со Русија и го прашаа Вучиќ каков е односот на Србија кон конфликтот во Украина.

„Имаме традиционално добри односи со Русија и Украина“, нагласи Вучиќ. Тој додаде дека Србија не е на ничија страна и дека секогаш ќе ја осудува војната.

Слични содржини