Вучиќ: Србија нема да ги признае референдумите во украинските области под руска контрола

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави денеска дека Србија не може и нема да ги признае резултатите од референдумот на четирите украински региони под контрола на руските сили за приклучување кон Русија.

„Србија не може да го признае ова бидејќи се придржува до меѓународното право, Повелбата на ОН и резолуциите на ОН. Ние го штитиме сопствениот територијален интегритет, како и интегритетот на меѓународно признатите земји. И тоа е единственото нешто што е сигурно и не може да се промени, тоа се работи од суштинско значење“, изјави Вучиќ пред новинарите по посетата на новиот производствен погон на фабриката „Грундфос“ во Инџија.

Тој повтори дека меѓународните притисоци врз Србија во однос на Русија се многубројни и оти очекува тие да се намножат во наредниот период.

Слични содржини