Вучиќ: Србите и Хрватите мора да сметаат едни на други

од Aleksandar Petrovski

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека се сретнал со хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ во Ерусалим и дека имал добар и пристоен разговор со неа.

Тој, исто така рече дека секогаш се обидувал да одржува најдобри односи и дека е сигурен дека Србите и Хрватите ќе имаат подобри односи во иднина.

– Ќе мора да живееме заедно и да сметаме едни на други во иднина, рече Вучиќ пред новинарите по неговата посета на Ерусалим, каде се одбележа 75-годишнината од ослободувањето на логорот во Аушвиц.

Слични содржини