Вучиќ тврди дека споменувањето на Косово од Путин го зголемува притисокот врз Србија

од Nikola Popovski

Денес српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија е под „сè поголем притисок“ да ја признае независноста на Косово.

Вучиќ изјави дека ситуацијата во Србија се променила на полошо по изјавите на претседателот на Русија, Владимир Путин.

На 26 април рускиот претседател го спореди Косово со два та сепаратистички региони во Украина, Доњецк и Луганск, попознати како Донбас. Русија, како и Србија, не ја признава независноста на Косово.

Вучиќ изјави дека „целиот Запад ќе побара од Србија брзо да се придвижи кон признавање на независноста на Косово, за да му кажат на Путин дека тоа не е ист случај и дека Косово не е слично на се што се случува на територијата на Украина. ”

Претседателот на Србија рече дека европските лидери му кажале дека Путин во меѓусебните разговори инсистирал на „случајот Косово“. Вучиќ додал дека „не мисли оти Русија ќе го признае Косово“.

Според Вучиќ, мал број земји велат дека се за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина, а сè поголем број земји бараат заемно признавање.

Тој исто така истакна дека „висока цената“ што ја плаќа Србија затоа што не воведе санкции кон Русија.

Слични содржини