Вучиќ: Верувам дека ќе дојде до деескалација на ситуацијата на Косово

од Stefanija Kuzmanovska

Средбата меѓу претседателот на Србија и военото раководство се одржа во Генералштабот, а по завршувањето, Александар Вучиќ извести дека Белград ги моли претставниците на меѓународната заедница да направат се што можат за да влијаат на Приштина да ги повлече своите одлуки и изрази надеж дека ситуацијата на Косово ќе деескалира уште утре.

„Средбата во Генералштабот заврши, генералот Мојсиловиќ претходно разговараше со командантот на КФОР, важно е разговорот да се одвива во коректна атмосфера, на професионален начин, беа прифатени обврските на двете страни, пред се, во размената на информации, бидејќи имаше многу невистини и дезинформации“, изјави Вучиќ за ТВ Пинк.

Претседателот на Србија посочува дека за Белград е исклучително важно да продолжи дијалогот меѓу Белград и Приштина и дека постојат обиди работите да се решат по мирен пат.

Слични содржини