Вучиќ за Бошко Обрадовиќ: Тој е полуписмен, тоа се зборови на очаен човек

од Nikola Popovski

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави за статусот на Косово не се преговара на конференцијата за безбедност во Минхен, туку само за работи кои одат во прилог на Србија, како што е враќање на железничкиот сообраќај меѓу Белград и Приштина.

Коментирајќи ги критиките од лидерот на Двери, Бошко Обрадовиќ, дека станува збор за преговори за статусот, Вучиќ одговори дека тоа се „зборови на очаен човек“.

– Станува збор за некој кој е полуписмен, не само политички, туку и буквално. Ние не преговараме за статусот, не сме ни разговараме, туку само за слободниот проток на луѓе и деловни активности – рече Вучиќ.

Говорејќи за Обрадовиќ и опозицијата, претседателот на Србија изјави дека светот брзо се менува, но дека „нивната свест никогаш не може да се промени“.

– Само нивниот број брзо се намалува – заклучи Вучиќ.

Слични содржини