Вучиќ за Европрајдот: „Ќе се почитуваат одлуките на МВР“

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се огласи во врска со утрешната прошетка во рамки на манифестацијата Европрајд.

Вучиќ рече дека „мисли“ дека ќе се почитува законот и одлуките на српското МВР.

„Навистина не навлегував во сите детали. Јас нема да се занимавам со тоа. И оние кои се за тоа и оние кои се толку драматично против… Сите заедно учествуваат во хибридна војна против својата земја. Зошто би паднал на нивните финти“, изјави Вучиќ.

Тој рече дека поради оваа тема не може да се занимава со поважни теми.

„Не можам да разберам дека некој на себе си дал право да шета, а на овие другите не им е дозволено. Не можам ни да ги разберам овие другите кои овој пат убаво ги замолуваме да ни излезат во пресрет… а тие ни велат: ‘А, не, не… Нема да ти го правиме тоа’. Така потоа почнуваат да ја навредуваат Ана (премиерката) што е мизерно и така натаму. Тогаш навистина разбирате зошто јас во Собранието во овие два дена го трасирав патот за идна, слободна, пристојна Србија, која ќе ги победи тие две екстремни политички фракции – и од левата и од десната страна“, рече Вучиќ.

Слични содржини