Вучиќ за одлуката на Црна Гора: Како би ги разделиле луѓето, ќе им ги броиме крвните зрнца?

од Nikola Popovski

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјавил денеска дека одлуката на црногорските власти за забрана за влез на српските граѓани е политичка и дека му било јасно уште од првиот момент.

Во изјава пред новинарите во Смедеревска Паланка, Вучиќ истакнал дека верува оти одлуката ќе се промени, не затоа што црногорските власти ја сакаат Србија, туку од интерес и дека Србија „нема да влезе во таа кал“ и нема да забрани влез на граѓаните од таа земја.

Коментирајќи ја одлуката на Дирекцијата за цивилно воздухопловство да го забрани слетувањето на авионите на „Монтенегро ерлајнс“, Вучиќ изјавил дека тоа е логично, затоа што ако на српските граѓани им е забранет влез во Црна Гора, тогаш при качувањата во авионите тие ќе морале да ги бројат „црвените крвни зрнца“ на патниците.

„Како би ги разделувале луѓето – вие можете, вие не можете да се качите во авионот, во согласност со одлуката на Владата на Црна Гора“, објасни Вучиќ.

Слични содржини