Вучиќ за „Рекет“: Ќе има уште изненадувања

од desk2

Српскиот претседател Александар Вучиќ во Белград одржа прес-конференција на која зборуваше за политичката ситуација во државата, но доби и нарачано новинарско прашање за случајот „Рекет“ кој ја тресе македонската политичка сцена.

На прашањето за аферата за рекетирање во Северна Македонија, српскиот претседател истакна дека не сака да се меша во внатрешните прашања на други држави, ама сепак се замеча па даде краток коментар, пренесува „Блиц“.

„Колку што јас знам од добро информирани италијански извори, ќе има уште изненадувања во тој случај и верувам дека сега Зоран Заев го разбира она што му го кажував за одредени лица“, кратко одговори Вучиќ.

Слични содржини