Вучиќ за резолуцијата за Сребреница: Изненадувачки е што Подгорица беше побрза од Приштина

од Nikola Popovski

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес изјави дека тој самиот предупредил дека по усвојувањето на резолуцијата за Сребреница во Црна Гора, ќе започне поплава од такви резолуции и притисоци дека Србите се тие што извршиле геноцид.

– За мене е изненадувачки што Подгорица беше побрза од Приштина – ги коментираше информациите дека косовското собрание денеска разговара за резолуцијата за Сребреница и додаде дека има многу во Србија кои би сакале Белград да ја престигне Подгорица во тоа, но таквите „за среќа“ тие не се на власт.

Сепак, тој изрази верување дека усвојувањето на слични документи може да се избегне некаде поради добрите односи.

– За жал, ќе остане во историјата дека Подгорица ја престигне Приштина – истакна Вучиќ.

По повод посетата на поранешниот врховен командант на НАТО, за време на бомбардирањето на Србија, Весли Кларк, во Приштина, претседателот на Србија кратко рече: „Јас не го коментирам доаѓањето на Кларк“.

– Тие имаат де факто власт таму на терен и ги малтретираат Србите секој ден, но ако ми кажете дека ќе создадат силна армија што може да ја загрози Србија, имам прецизни математички пресметки и немам страв – изјави тој, додавајќи дека освен од човечки ресурси „тие немаат апсолутно ништо“.

Слични содржини