Вучиќ за санкциите кон Додик: Србија не е среќна

од Nikola Popovski

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска најави дека на 10 или 11 јануари ќе разговара со српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик и со претседателката на Република Српска, Жељка Цвијановиќ за актуелната ситуација и рече дека Србија во ниту еден момент нема да се согласи на санкции и дека на ниту еден начин нема да воведува санкции против припадниците на својот народ и претставниците на српскиот народ во БиХ и Република Српска.

-Тоа се многу комплицирани работи кои не се за „итна и брза“ реакција, изјави Вучиќ.

-Ова носи бројни предизвици, не само за Република Српска, туку и за Република Србија. Она што можам да го кажам е дека Србија не е среќна, ниту пак мисли дека решението е во санкциите. Нема сомнеж дека Србија нема да се согласи со оваа одлука, ниту ќе спроведе санкции, додаде тој.

За притисокот врз медиумите и задушувањето на медиумските слободи и прогласувањето на еден медиум или ставањето под санкции на еден медиум, Вучиќ вели дека тоа е страшна одлука.

-Ќе имаме многу прашања до американската администрација за некои други медиуми и врски со криминалот и корупцијата, на кои се чини невозможно да се даде адекватен одговор. Но, тоа ќе го оставиме за после Божиќ. Разговарав со Додик и Цвијановиќ вчера и ние ќе ги продолжи разговорите во наредните денови, истакнува Вучиќ.

Слични содржини