Вучиќ за син му Данило: Тој се дружи со навивачи, а не мафијаши, горд сум што работи за плата од 550 евра

од Nikola Popovski

Заштитникот на граѓаните на Република Србија ќе се справи со постапките на Министерството за внатрешни работи за време на инцидентот што следеше откако новинарка на порталот „Крик“ го фотографирашла синот на претседателот на Србија, како седи со луѓе кои се поврзани со одредени навивачки групи, а индиректно со криминални кланови.

Како што потврдил народниот правобранител Зоран Пашалиќ за порталот „Данас“, официјално е иницирана постапката за контрола на законитоста на постапките на Министерството за внатрешни работи во овој конкретен случај. Да потсетиме дека откако ја запреле новинарката, замолувајќи ја да ги избрише сликите, три лица кои се претставиле како службени лица се повлекле откако Александар Видојевиќ и Немања Сречковиќ, двајцата членови на навивачката група „Јаничари“, се приближиле кон новинарката.

Говорејќи неодамна на ТВ Прва, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, истакнал дека неговиот син седи со навивачи, а не со членови на кавачкиот клан.

„Секако, знаеме кои се тие луѓе со кои беше мојот син, јасно е снимен секој контакт со кој било, рече Вучиќ и истакнал дека Александар Видојевиќ, со кого бил Данило, е навивач на Партизан.

„Тој млад човек никогаш не бил гонет за какви било наркотични супстанци, тој бил гонет за физички пресметки, но никогаш не бил осуден, рекол Вучиќ.

Тој посочил дека неговите деца тешко го издржале неговиот разводот и дека барал да ги усреќи и задоволи во сè, и истакнал дека неговиот син работи во продавница за 550 евра и е горд на неговата работа.

Слични содржини