Вучиќ за случувањата во Црна Гора: Целта е српскиот народ да исчезне таму за 10 години

од Vladimir Zorba

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, разговараше со патријархот Иринеј за состојбата на Српската православна црква во Црна Гора.

„Ние ја разбираме позицијата на Српската православна црква. Треба да бидеме повнимателни, затоа што не сакаме да го правиме она што ни го направија нас“, рече тој, додавајќи дека не сака да се меша во внатрешните работи на земјата, како што Црна Гора го нарушила територијалниот интегритет на Србија кога ја признала независноста на т.н. Косово.

Вучиќ смета дека е неразумно политичарите да основаат нови цркви и го посочија како интересен фактот дека политиката се меша во црковната организација и суштински во духовните работи.

„Тие не запираат тука, тие се обидуваат да земат имот“, рече тој, додавајќи дека ова е нешто „тешко за српскиот народ, што некој се обидува да создаде нова црква во Црна Гора“.

„Целта е српскиот народ да исчезне таму за 10 години“, заврши Вучиќ како одговор на сомнежите на патријархот за „протерување на српскиот народ“ и додаде дека „нема да има нова „Олуја“.

Во акцијата „Олуја“, хрватската војска и полиција ослободија петтина од државната територија, односно подрачјето во северна Далмација, Лика, Бановина и на Кордун, кои четири години беа под контрола на Србите.

Слични содржини