Вучиќ: Заев ме гледаше како да сум „полудел“ кога му кажав дека нема да добие датум за преговори (ВИДЕО)

од Ивана Рамаданова

Заев ме гледаше како да сум „полудел“, кога му кажав дека нема да му ги отворат преговорите, изјави претседателот Александар Вучиќ зборувајќи за земјите на Балканот кои чекаат да станат членки на ЕУ.

„Ме прашувате дали сум сигурен дали оние во Брисел се сигурни што би самите со себе и што би со нас, јас ќе ви одговорам дека не сум сигурен дека тие знаат што сакаат со нас. И што друго да ви кажат, би ве излажал. Јас тоа му го зборував и на Заев кога бевме во Нови Сад, Имавме вечера, Еди знаеше дека сум во право. Заев ме гледаше како да сум „полудел“ кога му кажав дека нема да му ги отворат преговорите. И бев во право“, истакна Вучиќ.

Слични содржини