Вучиќ: Заев ѝ веруваше на ЕУ и не доби вакцини

од Vladimir Zorba

„Кога по петти пат ги прашав ЕУ кога же ги добиеме вакцините и не добив конкретен одговор, туку само ми кажаа дека прво ќе добијат тие па после ние, знаев дека требаше веднаш да почнеме со подготовка за набавка на вакцини. Мојот пријател Зоран Заев, секако во целост се потпре на ЕУ бидејќи така му беше кажано. Ние не го направивме тоа”, рекол Вучиќ“.

Ова го соопшти претседателот на Србија, Александар Вучиќ во интервју за босанската „ТВ Фејс“.

Тој меѓу другото, порача дека е неопходна соработка во регионот, бидејќи тоа е единствениот пат за земјите да напредуваат и да се развиваат, односно да се спречат младите да заминуваат во странство.

Вучиќ потоа зборувал за заедничките проблеми во регионот, нагласувајќи дека коронавирусот променил се.

“Исти ни се проблемите на сите. Би укажал на една работа. Со страотна брзина се менуваат односите во светот, односите во Европа и регионот. Тие што беа слаби пред 7-8 години сега стануваат силни и обратно. Тоа посебно го смени коронавирусот”, нагласил Вучиќ.

Слични содржини