Вучиќ пред новата рунда дијалог во Брисел: „Сите големи луѓе на Западот се против нас“ (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска, во пресрет на новата рунда од дијалогот во Брисел, дека таму ќе биде тешко и дека „сите големи луѓе на Западот“ се против Србија, но дека „правото и правдата се на наша страна и нема предавање“.

Во видео-пораката објавена на Инстаграм, претседателот истакна дека „веќе неколку дена, особено вчера и денеска, Албин Курти води брутална и валкана кампања против Србија, и тој и сите негови помагачи“.

Слични содржини