Part-PAR-Par8224779-1-1-0

Српскиот премиер Александар Вучиќ денеска изјави дека е време да се надмине инцидентот од Поточари и оти затоа ќе упати повик до членовите на Претседателството на БиХ да дојдат во Србија, бидејќи разговорот е најважен за мирот и стабилноста.

– Сакам и ќе вложат голема енергија за да продолжиме да соработува и страстите од минатото да ги оставиме на страна, изјави Вучиќ.

Како што јави Танјуг, тој додаде дека ништо не е поважно од разговор како и дека мирот и стабилноста во регионот се предуслов за подобра економија и повисок животен стандард.

– Гледам дека полека но сигурно разумот победува на сите страни и оти луѓето разбираат кои се грешките на секој од нас, додаде Вучиќ.

На прашањето да даде коментар која била „грешката“ на членот на Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ, Вучиќ изјави дека токму тој го повикал да дојде во Сребреница и му ја гарантирал безбедноста, а оти при тоа не се ни ракувал со него.

На прашањето дали очекува ефикасна истрага, Вучиќ нагласи дека како претседател на Владата се надева на тоа, но оти како човек не е сигурен. /МИА

Слични содржини