Вучиќ за локалните избори во Црна Гора: Ѓукановиќ и јас делиме опседнатост со Србија

од Nikola Popovski
183 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ го коментираше видеото на кое екс-шефот на црногорската држава Мило Ѓукановиќ по локалните избори во Подгорица пеел „Jači smo od Srbije“ и рече дека тој и Ѓукановиќ делат иста опседнатост со Србија.

„Го видов, интересно е. Имаме речиси сè различно во нашите програми, планови и идеи, размислуваме за се поинаку, но имаме една заедничка опсесија – двајцата сме опседнати со Србија. Јас ја сакам, тој ја мрази и немам проблем со тоа“, изјавил Вучиќ.

Тој истакнал дека ќе продолжи да ја сака својата земја, а Ѓукановиќ може да продолжи да ја мрази Србија.

„Ќе ја сакам уште повеќе, но во исто време ќе ја почитувам Црна Гора. Колку и да пее и да ја мрази Србија, Србија ќе оди напред. Нема да кажам ниту збор против Црна Гора. Им благодариме што ни покажаа колку се опседнати со Србија. Можат да пеат што сакаат, а ова што го правиме вечерва зборува многу повеќе од која било песна против нашата земја“, рекол Вучиќ.

Коментирајќи ја поканата на српската опозиција да дојде во Собранието, Вучиќ рече дека се плашат само од еден човек.

„Тие се плашат од еден човек, се плашат од зборовите на еден човек, од мозокот и главата на еден човек. Би дале се на светот за да можат да го поразат и соборат тој. Нив ги мачи тоа што тој еден не се плаши од сите заедно и што знае што сите тие би направиле. Успеавме да натераме 28 земји да го повлечат признавањето на Косово“, посочил Вучиќ.

Слични содржини