Вучиќ: Ако за Курти е завршено прашањето за статусот на Косово, и за мене е

од Vladimir Zorba

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека во однос на продолжувањето на преговорите со Приштина „нема многу надеж, но постои страв од идни настани“.

Вучиќ на новинарите во Осло, каде што е во дводневна посета на Норвешка, изјави дека ако косовскиот премиер Албин Курти каже „дека за него е завршено прашањето за статусот“, може да го каже истото: дека „прашањето на статусот заврши“ и за него.

„Завршувањето на прашањето за статусот го базирам на уште еден важен акт, а тоа е Повелбата на Обединетите нации и резолуцијата 1244. Курти се потпира на силата на големите и моќни земји од Западот и смета дека тие ќе бидат оние кои ќе ја принудат Србија да прифати нешто“, рече Вучиќ.

Тој рече дека „ситуацијата на северот (на Косово) и насекаде во покраината што се однесува до српскиот народ буквално врие“, и додаде дека притисоците врз Србите во Косово се „систематски прогон“.

„Што се однесува до нас, наша должност е да бидеме со нашиот народ, да видиме како да му помогнеме на нашиот народ“, рече Вучиќ.

Слични содржини