ВУЈКОТО НА ЏОРЏИНА: Му кажав на Роналдо дека покрај себе има ЗЛОБНА жена!

од Vladimir Zorba
687 прегледи

Во пресрет на премиерата на документарниот серијал „Јас сум Џорџина“ за животот на партнерката на фудбалерот Кристијано Роналдо, членовите на семејството на манекенката ја обвинија дека ги заборавила кога го запознала најдобриот фудбалер на светот.

Серијата на „Нетфликс“ ќе го прикажува секојдневието на Џорџина и Роналдо заедно со нивните деца, пишува „Marca“.

Во меѓувреме, во разговор за „The Sun“, членовите на нејзиното семејство ја обвинија манекенката дека им го свртела грбот откако таа е со Роналдо.

– Можеби се срами од нас и мисли дека е подобра од нас затоа што не го живееме нејзиниот луксузен живот – рекол нејзиниот вујко Хесус Хернандез.

-Никогаш ништо не барав од неа. Таа ми се јави еднаш или двапати откако дознав дека се забавува со Роналдо. Јас бев задолжен да купувам облека за неа и нејзината сестра, да плаќам струја и вода. Направив сè, Џорџина живееше со мене во тинејџерските денови кога мојот зет го вратија во Аргентина, истакна тој.

Таткото на Џорџина е уапсен и осуден на пет години затвор за трговија со дрога по неуспешниот обид за шверц на кокаин од Шпанија во Франција.

Хернандез, исто така, изрази загриженост што не го информирала дека нејзиниот татко починал на 70-годишна возраст во 2019 година во Аргентина.

– Не знам зошто не ни кажа, а јас се обидов да контактирам со неа. На Роналдо му напишав на Фејсбук дека покрај себе има злобна сопруга и дека може да ми се јави ако сака да дознае детали, истакна тој.

Слични содржини