Вулин: Нашите хеликоптери ќе останат колку што е потребно за да им помогнеме на граѓаните на С. Македонија

од Nikola Popovski

Министерот за внатрешни работи на Србија, Александар Вулин, изјавил денеска во Крагуевац дека е многу загрижен за големиот број пожари во областа Пчиња и изразил сомневање дека многу од нив се подметнати.

„Кога имате помалку од 40 пожари на различни локации за помалку од два часа, тогаш треба да се грижите и да размислите дали сето тоа е природна состојба. Се разбира, има и субјективни и објективни причини“, рекол Вулин и најави за утре обиколка на Пчињскиот округ за „да види што се случува“.

Тој потенцирал дека сите пожари на територијата на Србија се под контрола и дека граѓаните можат да бидат безбедни.

„Припадниците на Секторот за вонредни состојби на МВР во моментов се ангажирани да ѝ помогнат на Владата на Северна Македонија со цел да ја сопрат огнената стихија таму. Четири наши хеликоптери и 16 наши членови се ангажирани. Ќе останеме колку што е потребно за да им помогнеме на граѓаните на Северна Македонија “, рече Вулин.

Слични содржини