Вулин за „омразата кон Русија“: Ако Хитлер имаше Фејсбук, ќе го користеше на ист начин

од Nikola Popovski

Ако е дозволено јавно да се повикува на насилство врз Русите, дали е дозволено да се повикува на силување или тортура. Може ли сите педофили во светот слободно да сонуваат да ги мачат руските деца и уште колку време ќе помине пред да бидат охрабрени да преминат од зборови на дела, со овие зборови Александар Вулин, министерот за внатрешни работи на Србија, ја коментира одлуката на компанијата Мета да им дозволи на корисниците во некои земји да повикуваат на насилство врз Русите и руските војници.

Според Ројтерс, по проверка на одредени интерни мејлови на платформата „Мета“, оваа компанија ќе дозволи и некои коментари за повикување на смрт на Владимир Путин или Александар Лукашенко, во земји како Русија, Украина и Полска.

Вулин вели дека не се сомнева оти Хитлер, доколку го имал, на ист начин би го користел Фејсбук.

-Денеска ги фалат барањата за смртта на Путин, а утре ќе бараат смрт на секое руско дете. Омразата што се излева кон Русите нема никаква врска со конфликтите во Украина. Денес говорат за вековната омраза кон Русите, но и ком Словените. Нацизмот ни се враќа под други имиња, но со иста омраза и неизбежно исти последици, вели Вулин во изјава за Спутник.

Слични содржини