Вулканот Етна ноќеска изненадно се активира

од Stefanija Kuzmanovska

Најактивниот европски вулкан Етна изненадно се активирал во текот на ноќта, пренесоа италијанските медиуми.

Лавата од вулканот еруптирала во две краци од ист кратер, од кои првиот се упатил кон долината на Бове, додека вториот бил забележан на северната страна на кратерот.

Британскиот весник „Експрес“ објави дека стромболичната активност на вулканот на Сицилија е во тек. Стромболските ерупции се релативно слаби.

Споменатата појава се јавува на самиот врв на вулканот, но може да се види од градот Таормина, кој е оддалечен околу 48 километри од Етна.

Вулканологот Борис Бенке изјави дека лавата се движи источно и дека вулканот исфрла црвена врела пепел.

Некои корисници на социјалните мрежи, кои имаа можност да ја видат ерупцијата, истакнаа дека сцената е „спектакуларна“.

Слични содржини