„Вундеркидот“ на Барса не знае да ги врзе врвките

од Nikola Popovski

Гави, младиот шпански фудбалер кој го привлече вниманието на јавноста со забавите во редовите на Барселона, не знае да врзе врвки, објави шпански новинар.

Седумнаесетгодишниот Гави станува се поважен дел од тимот на славниот Чави Ернандез, а се зборува дека веќе вреди повеќе од 30 милиони евра.

Сепак, постои еден проблем во животот на Гави, а тоа е врзувањето врвки.

„Уште од мал игра во одврзани копачки. Тој едноставно не знае како доволно добро да ги врзе. Се навикна и повеќе не му е грижа“, изјави шпанскиот новинар Марк Марба Прац.

Гави оваа сезона за каталонскиот клуб настапи на 15 натпревари во Ла Лига и на нив забележа гол и три асистенции, додека се уште го чека својот деби погодок во Лигата на шампионите, каде ги запиша настапи на сите шест натпревари од групната фаза.

Фото: Alex Caparros/Getty Images

Слични содржини