VW подготвува електричен пикап заснован на ID. Buzz

од Vladimir Zorba

Иако патентот во никој случај не гарантира дека возилото ќе влезе во производство, VW покажа интерес за создавање електричен пикап камион во минатото.

Volkswagen поднесе барање за патент за верзија на електричното комбе ID. Buzz со отстранети покрив и горен дел од каросеријата зад C-столбот, претворајќи го во пикап. Цртежот од пријавата за патент вели дека е истиот што беше објавен на страницата на Twitter на VW Group на 27 април како дел од Светскиот ден на дизајнот, но со променета позадина.

Во тоа време, Volkswagen го опиша овој дизајн како една од идеите на кои се работеше за време на развојот на комбето ID. Buzz, во периодот кога од концептот беше создадено сериско возило.

Иако патентот во никој случај не гарантира дека возилото ќе влезе во производство, VW веќе има направено пикап од комбе во минатото.

Своевремено, според сличен принцип, Volkswagen направи пикап од моделот Typ 2, односно легендарното комбе од педесеттите и шеесеттите години на 20 век.

Слични содржини