WhatsApp ги „затвори вратите“ за деца до 16 години во Европа

од Vladimir Zorba

Популарниот месинџер WhatsApp воведе нови услови за обезбедување на услуги и политики за приватност за потрошувачите во Европската унија.

Минималната возраст од која корисниците можат да се регистрираат и да го користат месинџерот се зголемува. Во рамките на ЕУ корисникот треба да наполнил 16 години, за да има пристап до WhatsApp, додека во други региони на светот бариерата е 13 години.

Промената беше воведена во врска со влегувањето во сила на 25-ти мај оваа година на „GDPR“, која ги ажурира европските закони за приватност за да обезбеди поголема транспарентност во обработката на информации објавени од интернет корисниците.

За неусогласеност со одредбите за „GDPR“, компаниите подлежат на парични казни до 20 милиони евра или 4% од нивната годишна заработка. Во овој поглед, Facebook, кој го поседува WhatsApp, почна да ги прилагодува своите услуги на барањата на регулативата.

Така на пример, во Instagram – исто сопственост на Facebook – беше додадена можност за корисниците да ги симнат сите свои слики, видеа, коментари и други содржини во една архива. Таква преносливост е потребна со новата регулатива за „GDPR“.

Слични содржини