Wi-Fi 6 ветува нова ера во безжичните комуникации

од Vlatko K

Cisco ги објави првите производи за новиот безжичен стандард Wi-Fi 6 (802.11ax), кој ќе ги подобри
драматично можностите за дигитална трансформација и поврзување на различни објекти,
конкретно – интернет на нештата (IoT).


Wi-Fi 6 обезбедува значително поголема брзина на пренос на податоци и зголемување на
пропусниот опсег (капацитет) со до 400%. Тоа е од суштинско значење за места со зголемено
поврзување: стадиони, јавни згради, конференциски сали. Во задачи кои бараат брз одговор на
уредите, Wi-Fi 6 е ефикасна технологија, поради значително намалување на латенцијата.

Поврзувањето на уреди со новиот стандард исто така ќе го намали оптоварувањето на нивните
батерии. Квалитетот на услугите на потрошувачите ќе стане попредвидливи.
Cisco воведува точки за пристап со поддршка на Wi-Fi 6, со помош на кои можат да се градат
„паметни“ и сигурни безжични мрежи за работа со различни IoT-протоколи, вкл. BLE, Zigbee и
Thread.

Линијата магистрални свичеви Cisco Catalyst 9600 пак е средство за создавање на унифицирана
мрежна структура во организациите, која ги интегрира кабелските и безжичните технологии.

Истовремено, Cisco работи со Intel, Samsung и други компании за осигурување на компатибилноста
на новите уреди. Целта е да се постигне лесна и сигурна транзиција меѓу Wi-Fi и LTE мрежи, како и
врска со јавните Wi-Fi мрежи.

Мобилните 5G мрежи и Wi-Fi 6 ветуваат нова ера во безжичните комуникации. Програмерите во
светот веќе ја создаваат следната генерација апликации ориентирана кон работа во безжични
мрежи 5G и Wi-Fi 6. Двете технологии ќе им овозможат на корисниците да извлечат максимална
корист од поврзаниот свет со милијарди уреди

Слични содржини