Wonder Woman го роди третото дете, го откри нејзиното име (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Актерката Гал Гадот (36) го роди третото дете, а среќните вести ги сподели среќните на својот инстаграм-профил. Во најновата објава, Гал позира со сопругот и постарите ќерки, додека едната од нив во рацете го држи новороденчето.

„Моето слатко семејство. Не можам да бидам поблагодарна и посреќна (и изморена), сите сме толку возбудени што jа дочекавме Даниела во нашето семејство. На сите ви испраќам љубов и здравје“, напишала таа во описот на фотографијата и на тој начин, на љубопитните следбеници им го откри името на девојчето.

Слични содржини