„Worldometers“: С. Македонија е лидер во регионот по направени тестови за коронавирус на еден милион жители

од Vladimir Zorba

С. Македонија е лидер во регионот по направени тестови за коронавирус на еден милион жители, покажува страната „Worldometers“, на која можат да се видат статистики од многу показатели во однос на ситуацијата со вирусот на светски рамки – број на заразени, починати, нови случаи, опоравени, тестови итн.

Статистиката, според страната вели дека во државава се направени 2.163 тестови на еден милион луѓе.

Еве ја целосната статистика за бројот на тестови до денеска, 4 април на страната:

○ Северна Македонија 2.163
○ Грција 2.153
○ Хрватска 2.034
○ Црна Гора 1.889
○ БиХ 1.431
○ Албанија781
○ Србија 659
○ Бугарија 81

Прашањето се покрена откако опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ постојано обвинува дека не се прават доволно тестови во земјава за заразени од коронавирусот.

Слични содржини