Xiaomi објави рендери на Mi Max 3

од desk2

Денови пред официјалната премиера на Mi Max 3 на 19 јули, претседателот на Xiaomi, Лин Бин пушти во кинеската социјална мрежа Weibo официјални рендери на уредот, како и некои од неговите главни параметри.

Сликите покажуваат дека гаџетот ќе биде достапен во три бои – црна, златна и сина. Лин Бин, исто така, појасни дека целта е телефонот да понуди голем екран, но корисникот да не го чувствува уредот премногу голем.

Тој, исто така, вети сериозен век на батеријата, за која се вели дека има капацитет од 5500 mAh.

Камерата ќе биде двојна со вертикална ориентација и се наоѓа во горниот лев агол на задниот панел. Во средината е сензорот за отпечатоци. Достапен е и 3.5mm приклучок.

Според досега познатото за уредот ќе видиме дисплеј со дијагонала 6,9 инчи, резолуција FHD + и сооднос 18:9. Од претходните истекувања на податоци знаеме дека процесорот на Mi Max 3 е Snapdragon 636, оперативната меморија е 4 GB, а за апликации има 64 GB.

Можно е сепак на пазарот да се појават и други конфигурации со различно количество меморија, а не е исклучено да видиме и помоќни верзија со процесор Snapdragon 710.

Слични содржини