Xiaomi претстави смартфон чија цена варира од 400 до 7.000 долари

од Vlatko K

Минатата година, шампионот вооднос на цена / квалитет беше Xiaomi Pocophone F1. Сега
кинескиот производител повторно силно го напаѓа овој сегмент на пазарот со Redmi K20 Pro.
Телефонот е наменет за истиот ценовен сегменг на OnePlus 7 Pro, кој во моментов се смета за
најдобриот уред по разумна цена.


Redmi K20 Pro има врвни спецификации. Отпечаток под екранот, 20 MP моторизирана селфи
камера 6.39-инчен Full-HD дисплеј, Snapdragon 855, 8 GB RAM, 48 MP главна камера, 12 MP
ултраширок сензор, 8 MP Telephoto камера, 4000mAh батерија, 256 GB внатрешна меморија,
Qualcomm Quick Charging 4.0.

Од Redmi објавија дека тоа е најбрз телефон на пазарот во моментов, и покажаа податоци од
AnTuTu, што го докажаа тврдењето. Ова, сепак, не е гаранција дека ќе биде подобар во секојдневна
употреба во споредба со другите модели од класата.

Слични содржини