XL против XXXL – Ибра против Шек

од Vladimir Zorba

Златан Ибрахимовиќ дефинитивно ужива во првите денови во Лос Анџелес.

Швеѓанецот постигна два гола во своето деби за Галакси, по драматичната победа над ФК Лос Анџелес.

Освен тоа, Ибра очигледно сака да ужива во она што го нуди ЛА. Тој го проследи НХЛ натпреварот против Л.А. Кингс и Минесота Вајлд, а потоа отишол во „Стејплс“ ценатрот, каде што Минесота Тимбервулвс ги порази Лејкерс.

Шведскиот играч беше во првиот ред до паркетот, а таму се запозна со кошаркарската легенда Шекил О’Нил.

Ибра не пропушти да се пофали, објавувајќи слика од двајцата со наслов „XL против XXXL“.

Слични содржини