Yahoo заинтересиран за купување на Google Chrome

од Vladimir Zorba
19 прегледи

Интернет компанијата Yahoo е заинтересирана да го купи прелистувачот Chrome на Google доколку американскиот федерален судија пресуди дека Google мора да го продаде за да избегне антимонополски обвиненија, изјави извршниот директор на Yahoo Search, Брајан Провост, на судско рочиште.

Според него, Yahoo проценува дека Chrome ќе се продава по цена од неколку десетици милијарди долари, пренесува Bloomberg.

Yahoo беше водечки играч на пазарот за онлајн пребарување на почетокот на 21 век, но подоцна ја изгуби својата позиција по успехот на Google.

Yahoo беше продаван неколку пати, а од 2021 година е во сопственост на Apollo Global Management.

Компанијата за развој на вештачка интелигенција, Open AI е, исто така, заинтересирана за прелистувачот Chrome, изјави менаџерот за производи Ник Тарли, на судското рочиште минатата недела.

Алатката ChatGP сега има додаток за прелистувачот Chrome достапен за преземање, но Тарли верува дека подлабоката интеграција на Chrome во Open AI би создала подобар производ, објави TechCrunch.

Министерството за правда на Соединетите Американски Држави верува дека Google го монополизирал пазарот и бара компанијата да продаде дел од својот бизнис, вклучувајќи го и Chrome, за да овозможи поголема конкуренција.

Google тврди дека предлогот на владата ќе им наштети на потрошувачите, ќе ги деградира секојдневните производи на Google и ќе го поткопа лидерството на Соединетите Американски Држави во технологијата.

Слични содржини