З како Зеленски: Карикатура на британскиот „Тајмс“ и рускиот воен симбол

од Milan1

Британскиот „Тајмс“ направи карикатура на која се гледа како украинскиот претседател Володимир Зеленски храбро стои пред тенкот предводен од рускиот лидер Владимир Путин, а потоа го свиткува својот топ за да ја формира буквата „З“.

Долго време се шпекулира што значи буквата З на руските борбени возила. Подоцна беше откриено дека „З“ во Русија брзо се гледа како на постојан провоен симбол на инвазијата на претседателот Путин на Украина.

Политичарите го посочија тоа, го видовме на автомобили, комбиња и реклами – како на автобуски постојки. Србите дури го користеа и на проруските демонстрации во Белград. Фотографиите на големо се споделуваат на социјалните мрежи.

Британски „Тајмс“ напиша дека Зеленски во говорот во британскиот парламент завчера (вторник) ги прозвал Черчил (Винстон Черчил) и Шекспир (Вилијам Шекспир) во говорот во Долниот дом, кога ги повикал пратениците да направат повеќе да и помогне на Украина да се одбрани од руската инвазија

Тој ја спореди борбата со борбата на Велика Британија во Втората светска војна, велејќи дека неговата земја не сака „да го изгуби она што го имаме, исто како што вие не сакавте да ја изгубите вашата земја кога нацистите почнаа да се борат“.

„Зборувајќи преку видео врска од Киев, Зеленски вети дека ќе се бори против руските сили“ во шумите, на полињата, на бреговите и на улиците.

„Ќе се бориме до крај. На морето. Во воздухот. Ќе продолжиме да се бориме за нашата земја по секоја цена“, рече Зеленски.

Слични содржини