Зајакна ураганот Рослин, издадено предупредување

од Берта Китинска

УРАГАНОТ Рослин денеска го погоди населениот дел на тихоокеанскиот брег на Мексико, помеѓу одморалиштата Пуерто Ваљарта и Мазатлан, и брзо се пресели подлабоко во внатрешноста, пренесува АП.

До недела наутро по локално време, Рослин стана моќен ураган со ветрови до 200 километри на час.

Американскиот национален центар за урагани денеска соопшти дека Рослин се наоѓа на 90 километри од Тепиќ, главниот град на мексиканската држава Најарит.

Рослин донесе обилни дождови и високи бранови во Пуерто Ваљарта, каде што океанските бранови ја преплавија патеката покрај плажата.

Во државата Халиско, цивилната одбрана соопшти дека патролирала долж брегот, но досега не е забележана поголема штета.

Слични содржини