Зајкова: Евроскептицизмот расте, но ЕУ е најдобриот проект и концепт за заедништво

од Nikola Popovski

Поголем проблем од тоа што ЕУ не реагираше на отворањето на бугарски клубови со имиња на фашистички личности во Македонија е вревата што ја создава опозицискиот блок кај нас, како и појавата на националистичка политичка реторика, пред се од бугарската десница, која го користи спорот за да добие поголема доверба од граѓаните во последниот изборен циклус, вели пратеничката од ЛДП и кандидат за лидер на партијата, Моника Зајкова во интервју за српска „Политика“.

Според неа, таа политика полека, но сигурно ја губи својата популарност, а како што вели, еклатантен доказ за тоа се шест изборни циклуси за две години и нестабилното владејачко мнозинство.

-Полноправното членство во ЕУ е една од стратешките цели на РСМ, затоа голем дел од политиките се насочени кон негово исполнување. Морам да се согласам дека евроскептицизмот расте, но ЕУ е сепак најдобриот проект и концепт за меѓународна синергија и заедништво. Не би се согласила целосно дека ЕУ не го исполнува она што го ветува. Денеска сме сведоци дека оваа гаранција е во вид на акција каде што потпишавме договор со Фронтекс на македонски јазик, кој го признаваат сите земји членки на ЕУ, вклучително и Грција и Бугарија, изјавила потенцирала Зајкова.

Слични содржини