Зајкова: Патот напред ќе го проектираме со реални, а не популистички политики

од Vladimir Zorba

„Патот напред ќе го проектираме со реални а не популистички политики. Зошто многу е лесно да зборувате популистички кога немате одговорност во спроведување на тие политики. Десничарите во услови на криза се во подем, но тоа е само играње со емоции и на долг рок се покажува дека ништо од тоа не е реално.“, вели претседателката на ЛДП, Моника Зајкова во интервју за „Фронтлајн“.

Вели дека „за рачињата во медот или коруптивни скандали“ многу е несериозно само да се шпекулира.

-Доколку има индиции институциите би требало да постапуваат и да испитаат. Во она што е надлежност на Грдската власт ние не може да се мешаме. ЛДП го има министерството за локална самоуправа но тоа не е министерство кое врши надзор. Ние ќе излеземе со свои предлози за Градот, а конкретно ова што се случува, навистина одговорност треба да преземат луѓето што го претставуваат Град Скопје., посочува Зајкова.

Слични содржини