За 24 часа, повеќе од 567.000 луѓе заболеле од ковид

од Stefanija Kuzmanovska

Повеќе од 567.000 лица се разболеле во претходните 24 часа, според податоците објавени синоќа од Светската здравствена организација (СЗО), така што вкупниот број на заразени од почетокот на пандемијата е 136,29 милиони.

Досега се заразени 136.291.128 лица, а починаа 2.941.128 пациенти, додека за 24 часа бројот на заразени скокна за 567.849, а починаа 9.521 пациент, јави ТАСС, пренесува „Танјуг“.

Најголем број на новоинфицирани има во Југоисточна Азија (175.614), следена од Европа (159.163), потоа Северна и Јужна Америка (153.573).

Први по бројот на ковид случаи се Соединетите држави (30.888.865), следени од Индија (13.689.433) и Бразил (13.482.023).

Слични содржини