За 24 часа во Индија регистрирани се рекордни 12.000 новозаболени лица од Ковид-19

од Берта Китинска

Во изминатите 24 часа во Индија регистрирани се рекордни 11.929 нови случаи на Ковид-19, што е најголема бројка на дневно ниво.

Во Индија досега потврдени се 320.922 случаи на новиот коронавирус, од кои 9.195 починати.

Од епидемијата најпогодена е западната индска држава Махараштра, а во главниот град на Индија, Њу Делхи пријавени се најмалку 38.958 пациенти.

Индија е на четврто место по бројот на заразени во светот, по САД, Бразил и Русија.

Со новиот коронавирус во светот инфицирани се 7.888.961, од кои 432.696 починаа, а оздравеле 4.051.154 луѓе.

Слични содржини