За 25 секунди: Пронајден начин за брзо уништување на коронавирусот

од Nikola Popovski

Коронавирусот може да се уништи за 25 секунди, сигурни се истражувачите од Националната лабораторија за заразни болести на универзитетот во Бостон. Според научниците, неопходно е да се користат ултравиолетови зраци за таа намена.

Група научници извеле експеримент за време на кој материјалот, контаминиран со вирусот Ковид-19, бил изложен на различни дози на ултравиолетови зраци од ламбата. Научниците исто така ја оцениле стапката на уништување на патогените.

Како што било откриено, во доза од 5 мегајули на квадратен сантиметар, ширењето на вирусот е намалено за 99 проценти за шест секунди. Инфекцијата билоцелосно уништена за 25 секунди кога била изложена на зрачење, со јачина од 22 мегајули на квадратен центиметар.

Истражувачите се сигурни дека светилката од 13 вати може да ги исчисти честичките Ковид-19 од простор од 15 квадратни метри, според порталот „Биоспејс“.

Слични содржини