За 37 дена се оженил четирипати, а се развел три: Причината е бизарна

од Nikola Popovski

Еден човек од Тајван смислил начин како да добие подолг, платен одмор.

Се оженил четир пати и се развел трипати за нешто повеќе од еден месец, поточно 37 дена, а со тоа добил вкупно 32 слободни денови. Според законот на Тајван, лицето кое ќе се омажи има право на осум дена одмор, па така, осмиот ден по венчавката, тој се разведил и се оженил со истата жена следниот ден и заработил уште осум дена одмор. Тој се развел од неа уште еднаш, а се оженил двапати за да може да биде на одмор повеќе од еден месец, пишува „Oddity Central“.

Сепак, тоа не му одело толку лесно. Неговиот работодавач, банката каде што работел на шалтер, не сакал да му го даде следниот одмор по првите осум дена, за кој Тајванците сметаа дека има право, па ја тужел банката. На крајот, банката морала да му исплати околу 600 евра компензација, бидејќи Тајванецот не го прекршил законот, туку го користеле само неморално, соопшти судот.

Слични содржини