За Барса и Дембеле не е крајот, следи нов шокантен потег!

од Vladimir Zorba

Преодниот рок и официјално заврши, но Барса и Усман Дембеле не.

Сите ја знаат сапуницата која дојде до хаотичен исход овој јануари, кога Дембеле му подаде рака на Чави и потврди дека ќе потпише, а потоа на последниот состанок дојде неговиот агент и побара четири пати поголема плата.

Од тој момент Барса му ја затвори вратата и му порача да си оди. Дембеле имаше понуди од Пари Сен Жермен и Челси, но недоволни за Барса. Французинот на крајот остана и повеќе нема да игра иако има договор до 30 јуни.

Барса е толку разочарана од однесувањето на Дембеле што оваа недела ќе му каже дека никој не го сака во клубот и не е исклучено да биде прекината соработката. Барса легално може да го направи тоа, ќе мора да му плаќа, но како играч на трибините.

Каталонските медиуми пишуваат дека Чави во вторник ќе се сретне со Матео Алемани и Жоан Лапорта кога ќе ја донесе конечната одлука. Извесно е дека Дембеле повеќе нема да игра за Барса, а клубот не го сака ниту на тренинзите бидејќи смета дека е токсичен за атмосферата и не припаѓа на тимот поради се што направи.

Барса покажа разбирање кон Дембеле, пет месеци го чекаше неговиот одговор, го трпеше неговиот непрофесионализам, а не му беше доволно што ниту еден клуб не беше подготвен да му плати онолку колку што бараше.

Манчестер Јунајтед е целосно незаинтересиран и покрај хаосот околу Гринвуд, Челси и ПСЖ не сакаа сега да го преплатат, можеби ќе му понудат нешто повеќе на лето, но кој ќе му даде 43 милиони нето како што бараше од Барса?

Раководството на Барса се обиде да го вразуми Дембеле, му ја дадоа последната понуда од 14 милиони по сезона, но Французинот одби. Неговиот агент Муса Сисоко смета дека Дембеле е еден од најдобрите во светот и потенцијален освојувач на „Златната топка“ и дека ќе се бори за него, но сега никој не го сака, иако Барса ќе го пуштеше пред полноќ на неколку милиони евра.

Доколку Барса реши да го раскине договорот, Дембеле сепак нема да може да игра за ниту еден друг клуб, бидејќи никој нема да има право да го регистрира. Тој ќе може да тренира само до летото …

Слични содржини