Кај нас јагнешкото месо се троши најмногу околу Велигден . Во останатото време е потешко за наоѓање во продавниците, а и малкумина се сеќаваат на него. Најпопуларните меса во продавниците се пилешко, свинско и телешко.632a4517ea02f72b7703717d3a0a2ba9

Јагнешкото остана некако занемарено, а не треба, бидејќи постојат голем број здравствени придобивки .

Заситените масти во јагнешкото месо се значително помалку во споредба со другите видови црвени меса. Јагнешкото го подобрува нивото на холестерол во крвта, ги ублажува воспаленијата и го стабилизира срцевиот ритам .

Јагнешкото го намалува ризикот од атеросклероза и коронарна болест на срцето .

Овците се преживари, па нивното месо е добар извор на коњугирана линолова киселина (CLA) – масна киселина која помага за спречување на рак и други воспалителни состојби .

Јагнешкото месо содржи витамин Б , кој помага за согорување на мастите . Со оглед на поголемото количество посни протеини кое ги содржи овчото месо, ретките заситени масти во него се сосема незначителни. Во таков сооднос тие дури помагаат за редукција на килограмите и го намалуваат ризикот од дебелеење .

Овцата содржи селен и холин , кои исто така се многу корисни во превенција на различни онколошки заболувања .

Јагнешкото месо е многу корисно и за бремени жени , бидејќи ја спречува анемијата преку зголемување на нивото на хемоглобинот во крвта на мајката и зголемување на протокот на крв кон бебето преку плацентата. Овчото, јагнешкото и козјото месо се богати со железо .

Уште поважно е дека вклучувањето на јагнешкото месо во исхраната за време на бременоста го намалува ризикот од вродени дефекти кај бебињата , најчесто малформации на невралната цевка.

Јагнешкото месо помага за обновување на железото кај жените по менструација и згора на тоа се намалуваат менструалните болки.

Благодарение на високата содржина на витамин Б12 во јагнешкото месо, тоа ви помага за сеопфатна грижа за кожата .

Овој вид црвено месо е богато и со омега-3 масни киселини, што е важно за кардиоваскуларниот систем.

Високата содржина на витамин Б12 во јагнешкото помага во борбата со стресот и депресијата .

Во јагнешкото и овчото месо се содржат корисни нивоа калиум и ниски нивоа на натриум. Ова помага во контролата на крвниот притисок и превенцијата на бубрежни заболувања и мозочен удар.

Протеините во јагнешкото месо се разградуваат побавно и оставаат чувство на ситост во голем дел од денот.

Покрај сето останато, јагнешкото месо е богато со калциум , што е корисно за здравјето на забите и коските .

Месото од овца го промовира производството на нови клетки и на тој начин го забавува стареењето .

Не на последно место, јагнешкото месо е корисно за одржување на здрава функција на тироидната жлезда .

Слични содржини