За да не му се повтори Њујорк, Ѓоковиќ има нова тактика за „Ролан Гарос“

од Vladimir Zorba

Новак Ѓоковиќ е во Париз веќе неколку дена, а денес ја имаше својата прва официјална конференција на „Ролан Гарос“.

Според прашањата на новинарите во Франција, најактуелна тема е инцидентот од последниот Гренд слем турнир УС Опен, кога тој беше дисквалификуван поради случајен удар на судијата со топка.

„Ќе бидам повнимателен кога ќе ја удирам топката на теренот. Тоа секогаш ќе ми биде на ум по Њујорк. Секако, ќе се погрижам да не ја повторам таа грешка. Но, се случи тоа што се случи. Морав да го прифатам тоа и да продолжам понатаму. Тоа беше шок за мене и за многу други. Но, тоа е спорт, тоа е живот. Мислам дека нема да влијае негативно на тоа како се чувствувам на теренот. Јас го освоив турнирот во Рим минатата недела и не чувствував непријатност или тешкотија во изразувањето на моите емоции. Секако, ќе се обидам да има што помалку негативни реакции. Но, јас сум човек, имам маани како и сите други. Реакциите се такви затоа што и понатаму ми е гајле“, рече Новак.

Слични содржини