За да се избегнат гужвите: Граѓаните помошта од 6000 денари ќе ја добијат на трансакциски сметки

од Берта Китинска

Исплатата на 6000 ден како четврт пакет од мерките ќе се врши преку трансакциските сметки, соопшти денеска премиерот Зоран Заев.

– Државата ја прави исплатата кон банките за финансиската поддршка од по 6.000 денари предвидена во четвриот пакет мерки за ранливи категории граѓани, по што банките ќе треба да ги префрлат средствата на трансакциските сметки на корисниците.Сакаме да водиме грижа да не се ствараат гужви пред банките, одлуката ја донесовме да ја исплатиме преку трансакциските сметки. Исплатите започнаа, државата ја прави исплатата према банките, а банките ќе ги префрлат парите до граѓаните, а ќе бидат опфатени пензионерите, пасивните баратели на работа, самохраните родители и други ранливи категории ќе добијат по 6000 денари, рече Заев.

Финансиската поддршка во износ од 6.000 денари е намената за ранливите категории на граѓани се однесува на  стечајни работници, самохрани родители, корисници на пензија до 15.000 денари, пасивни баратели на работа, уметници, граѓани од 16 години до 29 години, деца без родители.

На страницата kupuvamdomasno.gov.mk се уште се ажурираат листите со корисници на финансиска помош.

Според Законот средствата ќе треба да се потрошат до 25 декември.

Слични содржини