За десет години убиени 958 новинари

од Vladimir Zorba

Во последните 10 години убиени се 958 новинари, соопшти високиот комесар на Обединетите нации за човекови права Фолкер Турк.

Во истиот период повеќе од илјада од нив завршија во затвори, рече Турк на почетокот на конференцијата за заштита на новинарите во Виена, пренесе агенцијата ДПА.

„Тие бројки се неприфатливи“, рече тој.

Собирот беше организиран од ОН и австриското Министерство за надворешни работи по повод десетгодишнината од Акциониот план на ОН за безбедност на новинарите.

Потребна е подобра заштита на новинарите

Турк смета дека е успех што за време на постоењето на акциониот план беа создадени или зајакнати механизми за заштита на медиумските професионалци во педесетина земји.

Иако бројот на убиени новинари се намалува во последните години, неопходно е да се вложат многу повеќе напори во заштитата на новинарите, рече тој.

„Секоја закана за новинарите е закана за моите права, вашите права и сечие право на слобода на информирање, мислење и изразување“, нагласи Турк.

Тој побара властите поактивно да се борат против насилството врз новинарите.

„Од 2006 година, само 13 отсто од убиствата поврзани со медиумите биле успешно процесуирани“, додаде Турк.

Слични содржини