За дом спремни: Хрватска протера Кинез поради пеење усташки песни (видео)

од Nikola Popovski
Кинезот од Хрватска Ше Јат Лунг доби казна тримесечно протерување од Хрватска и поведување прекршочна постапка поради пеење усташки песни, пишува „Слободна Далмација“.

Весникот пишува дека 44-годишниот Кинез, кој сакал да се претставува како усташ, пеел усташки песни будници во кафуле кај бензинската пумпа во Грубине, општина Подбабље, за време на ракометниот натпревар на европското првенство меѓу Хрватска и Шпанија.

„Се работи за песни со неприфатливи пораки и соджини што предизвикуваат омраза и нетрпеливост“, изјави Жељка Радошевиќ од Сплитско-далматинската полициска управа.

Освен прекршочната постапка, полицијата спроведе постапка и според Законот за странци. Бидејќи кинескиот државјанин има привремен престој во Хрватска, изречена му е мерка на откажување на престојот и потоа забрана од три месеци на влез во Хрватска.

Слични содржини