За еден ден заработил 5,1 милијарди долари

од desk2

Бернард Арно, претседател и извршен директор на групата ЛВМХ, кој поседува 75 луксузни брендови, вклучувајќи ги Диор, Луи Витон и Хенеси, заработи 5,1 милијарди долари за еден ден.

Откако во средата беше објавено дека продажбите на ЛВМХ се зголемила за 17 проценти, цената на акциите на компанијата скокна за 5,6 проценти, па сега богатството на Арно е 99 милијарди долари.

Според „Форбс“, парискиот конгломерат забележа најголем раст на продажбите во Хонг Конг, и покрај протестите што се одвиваа во тој автономен кинески град.

Во последниот квартал, продажбата порасна за 12 проценти, претежно од козметика.

Од компанијата забележуваат дека ова може да се припише на неодамна отворената продавница Сефора во Хонг Конг.

Арно стана третиот најбогат човек на светот во април.

Пред него се наоѓаат само Џеф Бероз од Амазон, чие богатство се проценува на 107 милијарди долари и Бил Гејтс (Мајкрософт) со 105 милијарди долари.

„Лансирањето на производите сега мора да биде глобално за да можеме да бидеме успешни. Ова исто така бара поголема инвестиција. Она што најдобро го прави ЛВМХ е создавање посакувани нови производи и нивна продажба ширум светот“, изјави Арно за Форбс во 2017 година.

Слични содржини