За ефикасно губење на килограмите вклучете здрава ужина

од desk2

Ужина, односно времето во кое меѓу оброците само ”грицкаме” нешто, веројатно e најголемиот непријател при губење на тежината на секој од нас. Проблемот е во тоа што во периодот помеѓу двата оброка, најчесто посегнуваме по нездрави грицки, но ако таа навика ја промениме и како ужина вклучиме здрави, мали оброци, можеби уште поефикасно би ја изгубиле тежината, бидејќи би го забрзале метаболизмот низ режимот на исхрана кој се состои од 5 помали оброци.

Еве неколку совети за здрави грицки кои можат да бидат идеална ужина ако сакате да ослабете:

1. Микс на ореви

Направете микс од бадеми, ореви, индиски ореви, лешници и печени кикирики, на кој ќе додадете и малку суво овошје. Изедете мал број на овие намирници и ќе бидете сити до ручек, но не претерувајте, бидејќи иако тоа спаѓа во здрава ужина, јаткастите плодови се многу калорични.

2. Природен овошен јогурт

Наместо да купите овошен јогурт преполн со шеќери, ставете во јогуртот свежо овошје и измешајте, за да добиете целосен вкус на овошје, а избегнувајте вештачки засладувачи.

3. Јајца и тост

Оваа половична порција за доручек, ќе биде идеална ужина, ако сте многу гладни и потребно ви е нешто што ќе ве држи сити до ручек. На вас е да одлучите дали ќе јадете варени или пржени јајца со парче тост леб, но важно е да изедете само едно јајце, бидејќи се работи за меѓуоброк, кој количински би требало да биде помала порција од редовниот доручек.

4. Пуканки

Пуканките се идеална ужина која не здебелува. Покрај тоа, можете да користите разни зачини за да добиете поинтересен вкус на вашите домашни пуканки./Denar

Слични содржини